Се на едно место, СПОРТСКИ ЦЕНТАР АЕРОДРОМ:
– ресторан ДЕИ ФРАТЕЛЛИ…
најубав ресторан во Скопје, има капацитет од 100 гости во ресторанот и 150 гости на летната тераса. Идеално место за Вашите фамилијарни и бизнис ручеци. Петок и сабота жива свирка во извонреден амбиент.
– игротека МОРСКИ СВЕТ & БАЛОН ПАРТИ… најголема отворена игротека од 500 м2, со многу интересни содржини, во склоп на ресторанот.
Додека вие ги пробате специјалитетите на куќата, вашите најмили ќе бидат згрижени и анимирани од нашите вработени.
Имаме и затворена игротека од 80 м2 каде што ќе продолжат да играат вашите деца доколку дојде до несакани временски промени.
А исто така и покриена летна тераса со пергола од 80 м2, во склоп на затворената игротека, каде што ќе можете да ги пробате нашите коктели.
– кафуле СПОРТ КАФЕ…
затворен дел од 140 м2 и отворен дел тераса од 230 м2, од каде што можете да ги следите натпреварите кои се играат во нашето фудбалско игралиште. Фудбалското игралиште е направено по сите европски критериуми и ФИФА стандарди.
Можете да ги следите и сите спортски настани кои моментално се случуваат на видео бим во незаборавен амбиент.
За да ја сголемима забавата поставивме и професионални билијарди и пинг понг маси доколку сакате да олабавите и спортувате во нашиот спортски центар.
Сето ова задоволство можете да го вкусите во Спортски Центар Аеродром, поради што Ве замолуваме да не посетите и бидете наши гости.
Во спортскиот центар можете да ги прославувате сите Ваши прослави како фамилијарни (родендени, годишнини и др) така и деловни или групни организации.
Исто така сме отворени за секаква соработка и нормално Ваша сугестија.
За секакви информации јавете се на 075 442044